Макрон: ЕУ не очекуваше дека за брзо ќе има вакцини и затоа заостанува во имунизацијата

by Fokus

Европските лидери не успеале да препознаат дека вакцините против ковид-19 ќе бидат развиени за толку кратко време, вели францускиот претседател Емануел Макрон кој ова го наведува како причина зошто ЕУ заостанува зад некои други земји во имунизацијата на населението.

-Сите експерти зборуваа дека вакцината никогаш во историјата на човештвото не е развиена за помалку од една година, изјави Макрон за грчкиот телевизиски канал ЕРТ.

Тој истакна дека пристапот на Унијата е претпазлив и дека тие сметале оти за вакцина треба многу повеќе време, за разлика од САД, кои веќе во летото 2020 година имаа многу поотворен и поактивен пристап кон развојот на вакцините.

Лидерите на Европската унија сега се обидуваат да ја забрзаат вакцинацијата, но заостануваат зад земјите како Велика Британија и САД затоа што се соочуваат со доцнења во снабдувањето. Поради тоа донесена е одлука за натамошно засилување на контролите врз извозот на вакцини против коронавирус и имплементација на систем на реципроцитет.

Поврзани новости