Македонско кредитно биро- Нов продукт на пазарот

by fokus

Еден од основните услови за квалитетно работење и стопанисување е сигурноста. Сигурноста, како квалитативен критериум на институциите кои го регулираат работењето на стопанските субјекти, независно од големината, но и на самите стопански субјекти кои се јавуваат како директни учесници една економија. Креирањето и одржувањето на таков амбиент е одговорност на сите иволвирани страни.

Постоечката законска регулатива, веќе ја дефинира и креира рамката и условите во кои се одвива работењето на стопанските субјекти. Внатре во овие законски рамки и услови се односите кои меѓусебно ги градат правните лица, како учесници во стопанскиот живот. Сигурноста и стабилноста токму на овие односи е од исклучителна важност за стабилноста и на самата економија.

Во една ваква поставеност, Македонското Кредитно Биро се јавува како гарант за стабилноста и сигурноста на односите меѓу правните субјекти. Како го постигнува ова? Најкраткиот одговор е преку изработка на новиот Копоративен извештај за сите правни субјекти во кој се достапни голем број на информации неопходни за донесување на деловни одлуки и тоа:

  • Задолженоста и редовноста во исполнувањето на обврските
  • Блокада на трансакциска сметка во реално време
  • Податоци за тековна состојба на правните субјекти
  • Податоци за годишни сметки на правните субјекти

Мошне е важно да се истакне дека овој Корпоративен извештај е единствен извештај на пазарот кој нуди информации за блокада/деблокада на трансакциска сметка во моментот на генерирање на истиот и информации за задолженост и редовност во подмирувањето на обврските со кои единствено располага МКБ. Достапноста на овие информации не наметнува ексклузивност туку напротив инклузивност преку порталот на МКБ на следниов линк: https://moj.mkb.mk.

По регистрацијата на линкот, имате опција да потпишете договор за користење на еден од трите пакети на корпоративниот извешај, во зависност од Вашите потреби. Велиме опција бидејќи користењето на податоците од овој извештај можат да Ви бидат достапни и еднократно необврзувајќи Ве на било каков договор.

Поврзани новости