Македонската дијаспора втора по бројност во Италија!

by fokus

Откако Италија стана ново жариште на коронавирусот, деновиве е актуелна темата колку Македонци престојуваат таму, со оглед на тоа што во изминатите години цели семејства се отселија во потрага по подобар живот.

Според ИСТАТ (Италијански национален институт за статистика) од податоците од 2019 година, може да се види дека Македонците се втори по бројност во Италија.

На првото место е Албанија со 441.027 иселеници во Италија, потоа Македонија со 63.561 лице, Косово со 40.508, Србија со 38.443, Босна и Херцеговина со 24.399, Хрватска со 17.472 и Црна Гора со 2.031 лице.
Според ИСТАТ пак, во 2018 година, 3.487 Македонци побарале италијанско државјанство.

Голем број на нашинците во Италија живеат во и околу регионите кои се жаришта на коронавирусот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости