Македонија загуби од Саудиска Арабија во Абу Даби

by Фокус

Комбинираната македонска фудбалска репрезентација со 1-0 загуби од Саудиска Арабија во пријателскиот меч кој се играше во Абу Даби.

Мечот по барање на Саудиска Арабија беше од затворен тип.

Во првото полувреме главно се играло на средината на теренот, без посериозни шанси и на двата гола.

Клучниот момент се случи во 85-тата минута, кога Калид Салех Калид Алшехри погоди за водство и победа на Саудиска Арабија.

Во самиот финиш од мечот Македонија била оштетена за два пенали во иста акција.

Стојановски прво непрописно бил блокиран, бил влечен од противникот, а во продолжението играч на Саудиска Арабија со рака од гол линијата ја извадил топката по удар на Трпановски.

Поврзани новости