Македонија во фокусот на ЕУ: Политичарите си играат со оган!

by fokus

Состојбата во Македонија е загрижувачка и политичката криза не смее да се претвори во меѓуетнички конфликт. Ова е изјавата на високата претставничка на Европската унија, Федерика Могерини, во однос на дискусијата на денешниот Совет за надворешни работи на Европската унија за Република Македонија.

Могерини им порача на политичарите “да не си играат со оган” и да не дозволат меѓуетничка конфронтација, уште еднаш повикувајќи го претседателот Ѓорге Иванов да го даде мандатот на СДСМ. На состанокот на Советот на ЕУ се разговарало и за варијантата, Собранието да избере нов претседател за деблоката на новата влада.

-Да, загрижена сум но се обидувам да го надминам тоа и да видам каде е потенцијалот за решавање на институционалната и политичка криза. Она низ што Скопје деновиве поминува е се уште институционална криза. Мојот најголем страв е тоа да не прерасне во меѓуетничка криза и тоа основната порака што ја пренесов во земјата кај политичарите: не играјте со оган, не го претворајте ова во етнички конфликт, тоа ќе ја руинира земјата и најверојатно ќе се прошири вон нејзините граници. Верувам дека има инструменти, пред се мудроста на претседателот, капацитетот на Парламентот да избере претседател и да се деблокира ситуацијата. Оваа институционална криза може да се реши со инструментите кои Скопје ги има, без мешање но секако нормално е пријателите да се грижат за состојбата на партнерите. Веруваме дека има можности за решавање на институционалната криза, средства за тоа во Скопје постојат. Имав искрен и конструктивен разговор со сите политички лидери во Парламентот и се надевам дека мудроста ќе победи- изјави Могерини.

Финалниот заклучок за Македонија и за земјите од Балканот, лидерите на ЕУ ќе го објават во петок.

Поврзани новости