Ново задолжување од 75 милиони евра

by fokus

Ново задолжување за раздолжување. Владата утре ќе позајми од домашните кредитори 75 милиони евра. Средствата ќе се обезбедат преку емисија на државни хартии од вредност.

Веќе следниот ден државата ќе му врати на стопанството долг во ист износ како планираното задолжување.

Инаку, заклучно со 2016 година нивото на јавниот долг изнесува 50,1 отсто од БДП или над 4,7 милијарди евра, што е двојно повеќе од 2008 година.

Поврзани новости