Лајчак: Две балкански држави пред распад, три во длабока криза

by fokus

Балканот на врвот на агендата на Брисел. Во текот на денешниот состанок на Советот на ЕУ, состојбите во балканските земји беа оценети како „тензични”. Словачкиот шеф на дипломатијата за ситуацијата во регионот, Мирослав Лајчак, пред почетокот на седницата со остра реторика, алармираше за ситуацијата на Балканот.

-ЕУ станува сѐ понесериозен соговорник кога станува збор за проширувањето. Ние излеговме од Западниот Балкан и со зборови и со дела и сега гледаме кои се последиците на тоа – имаме две држави кои се пред распаѓање и три кои се во длабока политичка криза. А причината е тоа што ЕУ не ја исполни својата лидерска улога, како страна во дијалогот која треба да им даде перспектива на тие земји- посочи Лајчак.

На состанокот на Советот на ЕУ, главен фокус беше и политичката криза во Македонија.

Шефицата на европската дипломатија, Фредерика Могерини уште еднаш алармираше дека „Македонија си игра со оган”. Tаа порача дека политичарите не смеат кризата да ја претворат во меѓуетничка конфронтација. Лидерите на ЕУ го повикаа претседателот Ѓорге Иванов да ја повлече одлуката и да не ја блокира новата влада.

Финалниот заклучок за Македонија и за земјите од Балканот,  ЕУ ќе го објави во петок.

Поврзани новости