Македонија да биде една изборна единица

by fokus 14:34
14:34

Демократскиот сојуз (ДС) предлага Република Македонија да биде една изборна единица.

– Доколку Македонија биде една изборна единица, составот на Парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните, но и во голема мера ќе се намалат можностите за кршење на изборните правила, партиите ќе морат да соработуваат и ќе се создадат услови за поодговорно владеење, рече денеска на прес-конференција претседателот на ДС, Павле Трајанов

Според него, овој изборен модел отвора можност и за помалите и новоформираните партии, како и за помалите етнички заедници. Тој ги повика политичките партии, граѓанските асоцијации и сите граѓани да ја подржат оваа иницијатива.

- Advertising -

Поврзани новости