Лукашенко: Никој нема да умре од корона во Белорусија, најдовме комбинација на лекови

by Фокус

Никој нема да умре од коронавирус во Белорусија, рече претседателот Александар Лукашенко, кој одбива да се воведат построги мерки во оваа држава, иако 2.919 луѓе се заразени, а досега 29 починале.

-Веќе пронајдовме комбинација на лекови за да се спасат луѓе – рекол Лукашенко, истакнувајќи дека смртните случаи се резултат на други болести, како што се срцеви заболувања и дијабетес.

За разлика од другите европски земји, границите на Белорусија се уште се отворени, а дури дозволено е да се играат фудбалски натпревари пред гледачи.

Поврзани новости