Лукаревска од Крушево: Аманетот од предците да го чуваме како светост

by fokus

Крушево го има најдобриот градоначаник и убедени сме на сигурна победа на локалните избори, истакна вечерва заменик-претседателот на СДСМ Сања Лукаревска на трибината на СДСМ во Крушево.

-Со убавините на Крушево не може никој да се мери. Горда сум што зборувам пред сограѓаните на Тоше Проески. Благодарение на Карев, Питу живееме во слободна држава. Знаеме по кој пат да се движиме. Седиме на маса со нашите пријатели поддржувачи. Од 2017 година решаваме проблеми и исправаме децениски неправди. Да не заборавиме дека ВМРО ДПМНЕ тепаше студенти. Во Крушево работата е кристално јасна. Аманетот од предците да го чуваме како светост. За уште една победа на нашиот Томе – порача Лукаревска.

Поврзани новости