Христоски: Шатор ќе поставам пред Министерство за финансии за да ги решам проблемите на крушевчани!

by fokus

Актуелниот градоначалник на Крушево, Томе Христоски, на вечерашната трибина на СДСМ, говореше за реализираните проекти во изминатите четири години. Тој на локалните избори по вторпат ќе ја побара поддршката на крушевчани.

-Денес Крушево е поубаво за сите нас. Во минатото затекнавме лоша слика. Започнавме со долг од 420 илјади евра. Затоа што паркот трипати се реконструираше и повторно немаме парк. Барањата на нашите сограѓани беа предизвик за сите нас. Паралелно ја градевме општината, а не селектирано, како во минатото. Се посветивме на граѓаните и ќе продолжиме понатаму. Сите успеси немаше да ги реализираме без поддршката на Владата предводена од СДСМ. Имаме и достојно спомен обележје на нашата ѕвезда Тоше Проески – рече Христоски.

Ако треба и шатор ќе поставам пред Министерство за финансии, порача тој, само да ги решам проблемите на крушевчани.

Ј.Ц.

Поврзани новости