Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар,10 пати неделно ќе има авиолинија Франкфурт-Скопје-Франкфурт

by Fokus

Со слетување на првиот авион на „Луфтханза“ на скопскиот аеродром, денеска ќе биде означен стартот на новата авиолинија Франкфурт – Скопје и влезот на германската авиокомпанија на македонскиот пазар.

На Меѓународниот aеродром Скопје, првиот авион од Франкфурт ќе го пречекаат министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак и регионалниот директор на групацијата „Луфтханза“, Петер Пулем.

Новата авиолинија од Скопје до Франкфурт се реализира со субвенции од Владата. „Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април, десет пати неделно.

Преку Франкфурт, патниците од земјава ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе држави во Европа и светот.

Поврзани новости