Лиценца за марихуана добил и синот на осудениот градоначалник на Ново Село за шверц на цигари

by Фокус

Компанија на Перо Стојчев, син на поранешниот градоначалник на Ново Село Боро Стојчев, кој беше осуден за шверц на цигари, е меѓу компаниите што ги обелодени опозицискиот ВМРО-ДПМНЕ кои добиле лиценца за медицинска марихуана.

-Фирмата ЦМД Медплант од с. Борисово, Ново Село, е фирмата која добила лиценца, а чиј сопственик е Перо Стојчев, син на поранешниот осуден градоначалник од СДСМ Боро Стојчев. Замислете, Владата на Заев издала лиценца на фирма на синот на осудениот градоначалник од СДСМ за шверц на цигари, Боро Стојчев. Неспојлива и несфатлива е поврзаноста помеѓу семејството Стојчеви и медицината. Што ли треба да очекуваме од оваа фирма? – прашаа од ДПМНЕ.

Од таму прашуваат дали нареден семеен бизнис на Стојчеви ќе биде шверцот на марихуана?

Поврзани новости