И сребрената наметка од “Луј Витон” меѓу запленетата гардероба на Боки 13

by fokus

На денешното рочиште за случајот “Рекет” продолжи презентацијата на фотографиите од брендираната гардероба која била запленета при претресот во домот на обвинетиот Бојан Јовановски.

Се прикажуваа парчиња од познатите модни брендови како “Луј Витон”, “Версаче”, “Долче и Габана”, “Диор”, “Викторија Бекам” и други. Дел од гардеробата беше со етикета, што значи дека се уште не била облечена.

Меѓу запленетата облека беше и сребрената наметка од “Луј Витон” која Боки 13 ја носеше на доделувањето на наградите “Story”.

-Костимот кој што го носам на себе е инспириран од приказната, од делот од „Волшебникот од Оз“. Тоа е од последната колекција на компанијата „Louis Vuitton“, но има друга симболика. Имено, сите средства купени од оваа последна колекција одат во борба против тероризмот и насилието. Пораката зошто јас го носам сево ова е голема. Бидете живи и здрави и гледајте 1ТВ, појасни тогаш Јовановски, а потоа се дозна дека наметката чинела неколку околу 8.000 евра.

Освен гардероба, во станот на Јовановски биле пронајдени пари, но и оружје, за кое не беше јасно дали е негово, бидејќи во “Рекет 2” неговиот татко Миле Јовановски е обвинет за неовластено поседување на оружје.

Судењето е во тек.

В.В.

Поврзани новости