Лига на шампиони: Сити го совлада Реал, Лион го исфрли Јувентус

by Фокус

Англискиот клуб Манчестер Сити и францускиот клуб Лион ќе играат во завршницата од фудбалската Лига на шампиони откако вечер ја минаа осминафиналната фаза.

Манчестер Сити и во реванш натпреварот на домашен терен го совлаша шпанскиот шампион Реал Мадрид со резултат 2 наспрема еден.

Трагичар на мечот беше Рафаел Варан буквално им подари два гола на фудбалерите на Пеп Гвардиола, по еден во двете полувремиња.

Карим Бензема кон средината на првиот дел ја врати надежта, но Сити беше многу подобар противник и заслужено помина во следната фаза, благодарение на головите на Стерлинг и Габриел Жезус.

Во другиот натпревар, Јувентус со истиот резултат беше подобар од Лион, но францускиот клуб во првиот натпревар дома победи со 1-0, па поради голот во гости ќе игра четвртфинале.

Вечерва, Лион го отвори резултатот од пенал во 12 минута преку Мемфис Депај, а недоволни два гола за Јувентус постигна на Роналдо.

Инаку, Сити и Лион ќе играат меѓу себе во четвртфиналето во Лисабон.

Поврзани новости