Авион се преполови при слетување во Индија, досега има 16 мртви

by Фокус

Авион „Ер Индија Експрес“, кој летал од Дубаи, излетал од пистата за време на слетувањето во градот Карипур во Индија и заврши во блиските полиња преполовен на два дела.

Во несреќата загинаа 16 луѓе, меѓу кои и пилотот, а 35 се пренесени во болница со тешки повреди.

Голем дел од патници се евакуирани, но има заробени под остатоците на авионот, а спасувачката акција е во тек.

Авионот превезувал 184 патници, меѓу кои се десет деца и седум членови на екипажот.

Во моментот на слетувањето, авионот бил предупреден за лошото време, проследено со монсунските дождови, но пилотот сепак се одлучил да слета.

Инаку, авионскиот лет бил организиран од владата да ги врати Индијците кои останаа во другите држави поради корона кризата.

Поврзани новости