Редок феномен: На Гинекологија се роди бебе во воден превез

by Фокус

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се роди бебе во воден превез, што се случува еднаш во 80 илјади породувања, објави порталот Педијатар. Бебето на свет дојде завчера со помош на д-р Елена Ѓоргиевска-Николовска. Тоа е родено со царски рез, а мајката носела близнаци.

„Како гинеколог-акушер со 18 годишно работно искуство на Клиниката имавме прилика заедно со мојата колешка д-р Катерина Николоска да породиме пациентка со термин со близначка бременост со царски рез, при што, по породувањето на првото бебе започна породувањето на второто бебе со „воден превез“. Целата екипа во операционата сала во еден момент беше благопријатно изненадена од овој природен феномен и покрај големиот број породувања кои ги правиме секојневно. Навистина тогаш сваќаме колку е совршена природата и како ги создала совршено сите работи – вели Ѓоргиевска-Николовска.

Поврзани новости