Лидерите на Г20 ветија дека вакцината против Ковид-19 ќе биде достапна за сите

by fokus

Лидерите на Групата 20 индустриски најразвиени земји ќе се обврзат дека ќе платат за фер дистрибуција на вакцини против коронавирус, лекови и тестови во целиот свет, така што тие ќе бидат достапни за посиромашните земји.

Лидерите на Г20, исто така, ќе им пружат помош кога станува збор за долговите, според нацртот на коминикето за Г20, во кое имале увид дел од медиумите.

„Нема да штедиме напори за да обезбедиме сите луѓе да имаат еднаков пристап до вакцините“, велат лидерите на Г20 во нацрт-документот.

Поврзани новости