Лажно се претставувал дека бил полицаец, дури носел и полициска легитимација

by Fokus

Тетовчанец лажно се претставувал како полицаец, со себе носел дури и полициска легитимација, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 20.10 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево било забележано паркирано патничко возило „Мазда“  со скопски регистарски ознаки, во кое се наоѓал С.М. (40) од Тетово.  Од страна на полициски службеници бил направен  преглед на возилот и лицето, при што биле пронајдени изработена службена легитимација со амблем на МВР на Република Македонија со фотографија на С.М., фосфорно елече, мал нотес со патни налози и озонер со амблемот Полиција.

Поради лажно преставување по член 391 од Кривичниот законик  на Република Македонија, С.М. (инаку евидентиран како сторител на кривични дела “измама“) бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

Поврзани новости