Лажна дојава за бомба во училиштетето „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани, учениците се евакуирани

by irena 11:43
11:43

Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани информира дека добило дојава за наводно поставена бомба.

„Учениците од предметна настава беа веднаш и безбедно евакуирани, а надлежните служби од МВР извршија увид и проверка на училиштето“, информираа од училиштето.

По спроведената проверка, констатирано е дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект.

„Наставата и останатите активности продолжуваат непречено, согласно вообичаената динамика“, стои во соопштението.

Слични вести