Лавров: Западот ни објави „тотална војна“

by Fokus

Западот објави „тотална војна“ против Русија со својот најнов бараж санкции, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Целите не се кријат, јавно се соопштуваат – да се уништи, опустоши, руинира, задуши руската економија и Русија како целина, рече тој за време на состанокот со претставници на фондација за дипломатија, пренесува ТАСС.

Тој истакна дека „тотална војна“ е фраза што ја користела нацистичка Германија додека се обидувала да освои голем дел од Европа. Не е јасно на кој западен политичар, ако има таков, Лавров му ја припиша фразата, посочува германската агенција ДПА.

Поврзани новости