Лапорта за Меси: Не можете да бидете скржави со најдобриот играч во светот

by Fokus

Кандидатот за претседател на Барселона, Жоан Лапорта, зборуваше за напаѓачот Лионел Меси.

– Не можете да бидете скржави со најдобриот играч во светот. Неговото зачувување е приоритетно прашање, мора да се вложат сите напори. Верувам во Лео и тој верува во мене.

Тој знае дека ќе ги исполнам своите обврски. Меси се чувствува измамен од претходното раководство, рече Лапорта во интервју за „Л’Екип“, истакнувајќи дека е можно да се потпише договор со Меси со флексибилни и фазни плаќања.

Изборите за претседател на шпанскиот фудбалски гигант се закажани за 7 март. Покрај Лапорта во трката за наследник на Хозеп Марија Бартомеу на претседателската функција се и Виктор Фонт и Тони Фреиш.

Поврзани новости