Ангеловски: Отворена е нова група „Јавна соба“

by Fokus

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски во вчерашното гостување на „360 степени“ истакна дека отворена е уште една група „Јавна соба“, откако претходната беше избришана.

Тој вели дека досега се приведени четири лица инволвирани во првата група во која се споделуваат приватни фотографии телефонски броеви од девојки, жени, но и малолетнички.

„Како што веќе знаете ‘Јавна соба’ е затворена, но отворена е друга група и работиме на детектирање на тие членови. Се работи за нова група во која е направен трансфер на членови од претходната, но имаме група и со членови од Србија. Во моментов работиме на детектирање на сите овие инволвирани со цел санкционирање“, истакна Ангеловски.

Поврзани новости