Куршум оставен пред „Владислав Рибникар“ на 40-дневниот помен за убиените ученици

by fokus

Од утрово бројни граѓани се собираат во Врачар, пред основното училиште „Владислав Рибникар“, по повод одбележувањето 40 дена од загинувањето на учениците во злосторството што се случи во тоа училиште, кога 13-годишен ученик со пиштолот на татко му и уби девет негови пријатели и еден чувар.

Оставени се свеќи, цвеќиња и плишани играчки, а меѓу граѓаните кои утрово сакаа да оддадат почит беше и министерот за економија Раде Баста кој положи букет цвеќе.

Како што пишува Нова, на оградата од училиштето, каде се оставени цвеќиња и свеќи, некој оставил капа со златен куршум. Наводно за ова веднаш била известена полицијата која ќе утврди дали се работи за вистински куршум и кој ја оставил капата овде.

Поврзани новости