Кржаловски: Заев сметаше на 20 општини, но испадна обратно

by Фокус

Фингерпринтот покажа дека е скапа играчка, фрапантно да се потрошат 12 милиони евра за нешто што се покажа непотребно, тоа ја покажа неодговорноста на политичарите, смета политичкиот аналитичар Александар Кржаловски.

Коментирајќи ги првичните изборни резултати, тој на МРТВ изјави дека добро е што излезноста на овие локални избори била поголема отколку на парламентарните и претседателските избори.

-Тоа покажа дека малку се раздвижи сцената поради независните листи. Наспроти најавите на премиерот Зоран Заев дека ќе биде 22 наспроти 6, првичните резултати покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои повеќе општини – вели Кржаловски.

Тој посочува дека во повеќе општини ќе има втор круг, зашто најчесто има повеќе од двајца кандидати, што значи дека тешко се достигнуваат 50 проценти плус 1 глас од излезените.

Тоа, според него, не оди во прилог на власта, туку на опозицијата, бидејќи резултатите од другите кандидати најмногу ќе одат на контото на опозицијата.

-Ако во сите параметри – број на градоначалници, советници и големи општини победи опозицијата, ќе има легитимитет за барање на предвремени парламентарни избори – рече Кржалоски, додавајќи дека во спротивно власта нема да прифати избори.

Поврзани новости