Рамис Мерко води во Струга, а Теута Арифи во Тетово

by Fokus

Во над 90 отсто од општините каде ДУИ има кандидати за градоначалници, нашите кандидати се или веќе градоначалници уште по првиот круг или одиме со убедливо водство во вториот круг, изјави вечерва Крешник Бектеши од ДУИ.

Кандидатите на ДУИ убедливо водат во Липково, Арачиново, Чаир, Сарај, победа во прв круг за  Желино, Теарце, Тетово, Струга, Боговиње, Врапчиште, Кичево, Струга, Пласница, водство на советничката листа во Куманово, изјави Бектеши.

Според досега пребројаните гласови на страната на ДИК, досегашниот градоначалник на Струга Рамис Мерко има  941 глас, наспроти кандидатот на АА/Алтернатива Идри Истрефи кој има 570 гласови.

Во Тетово пак Теута Арифи засега според ДИК има 452 гласови, а Билал Касами од Беса 357 гласови.

 

Поврзани новости