Крунисан британскиот крал Чарлс Трети

by Fokus

Двочасовната церемонија на крунисување на новиот британски крал Чарлс Трети заврши нешто по 13 часот по локално време, а поворката ја напушти Вестминстерската палата и се упати назад кон Бакингемската палата, објави Си Ен Ен.

Чарлс Трети положи заклетва за крунисување потврдувајќи дека ќе го почитува законот и Англиската црква за време на неговото владеење и потврди дека е „верен протестант“.

Десетина минути по него, беше крунисана и кралицата Камила (75), втората сопруга на Чарлс, на која новиот британски крал и е и втор брачен партнер.

Поврзани новости