Кривичниот суд по втор пат одби да го замрзне седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus 10:43
10:43

Кривичниот суд повторно го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да го замрзне партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Од СЈО за „Фокус“ ја потврдија информацијата дека пристигнало известување според кое барањето за случајот „Талир“ се одбива.

Според известувањето, оваа одлука најпрвин ја донела судија на претходна постапка, а истата ја потврдил и Кривичен совет.

- Advertisements -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е првоосомничен во новиот предмет што го отвори СЈО под кодното име „Талир“,  кој се однесува на незаконско  финансирање на партијата, перење пари, злоупотреба на службена положба и овластвување.

Од СЈО додаваат дека се уште не добиле известување по нивното барање за замрзнување на имотот и на првоосомничениот во случајот „Триста“, кој е за набавката на 300 возила во МВР.

Поврзани новости