630
Секторот за внатрешни работи Тетово ќе поднесе кривични пријави против навивачите кои денеска влегоа на теренот на стадионот во Тетово додека беше во тек натпреварот ФК Шкендија- ФК Шкупи и со тоа ги прекршија мерките кои се пропишани за спречување на ширење на Ковид 19 , соопштија од тетовската полиција.
– Полициски службеници презедоа соодветни мерки и беа обезбедени услови за натпреварот регуларно да заврши, а против прекршителите ќе бидат изготвени поднесоци, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
ФОТО: sportklub.mk