Кривична против њујоркчанец кој изнајмил мерцедес од рент-а-кар и не го вратил

by fokus

Секторот за внатрешни работи во Скопе поднесе кривична пријава против 42-годишен њујоркчанец со иницијали А.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Пријавениот на 21.11.2017 година во 10.30 од  приватно рент-а-кар претпријатие од Скопје изнајмил возило „Мерцедес Е 220“ за период од 21.11.2017 година до 10.00 часот на 24.11.2017 година, при што како гаранција во договорот навел кредитна картичка American Expres со важност до 07.2021 година.

До 24.12.2017 година, А.К. не го вратил возилото со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 3.100.000 денари.

Поврзани новости