Кривична пријава за екс директорката на Завод и Музеј во Охрид

by Fokus

Заводот и Музеј Охрид поднесе кривична пријава против поранешната директорка на оваа установа, Тања Паскали Бунташеска, поради големата финансиска штета врз Буџетот на РМ, се наведува во соопштението од Министерство за култура.

„Станува збор за обемен предмет, судска постапка која се водела пред Основниот суд – Охрид уште од 2008 година, во време кога директорка на Завод и Музеј – Охрид била Тања Паскали Бунташеска. Оваа постапка завршила со правосилна пресуда за вознемирување на правото на сопственост на тужителот од страна на тужениот Завод и Музеј – Охрид во декември 2009 година. Со пресудата, Завод и Музеј – Охрид бил задолжен да отстрани делови од градби – ѕидови од парцелата на тужителот, се вели во соопштението од Министерството за култура.

Поврзани новости