Кривична пријава против дебарчанец кој подигнал зграда на државно земјиште

by fokus

34-годишниот Р.У. од Дебар заработи кривична пријава затоа што изградил станбен објект на земјиште во државна сопственост. Се товари за „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

На брегот на Дебарското езеро во месноста викана „Бадеми“, општина Дебар, Р.У. минатата година зазел туѓо земјиште-сопственост на Р.Македонија–АД Електарни на Македонија Рек Осломеј, и започнал со градежните активности. На парцелата со површина од  156 м2, без одобрение за градба, изградил станбен објект, информираат од МВР.

„Со таквото дејствие пријавениот противправно се стекнал со 156 м2 туѓо земјиште-сопственост на Р.Македонија. Имајќи ја во предвид пазарната продажна цена на земјиштето  во посочената локација на брегот на Дебарско езеро, која изнесува околу 25 евра за 1 м2, по овој основ, пријавениот противправно се стекнал со имотна корист во износ од  239.265 денари, и во толкав износ го оштетил Буџетот на Р.Македонија“, додаваат од Министерството.

Поврзани новости