Кремљ: Нема предуслови за мировни преговори за ставање крај на украинскиот конфликт

by Fokus

Нема предуслови за мировни преговори за ставање крај на украинскиот конфликт, објави денеска Кремљ.

На прашањето кој од плановите предложени од различни страни за мирно решавање на 14-месечниот конфликт е поблизок до Русија и дали таа има своја верзија на планот, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече: „Рано е да се зборува за тоа, засега нема предуслови за мирно решение“.

Коментирајќи дали Кремљ е подготвен да преговара со некој од претставниците на актуелните власти во Киев, Песков рече дека е тешко да се зборува за тоа бидејќи во Украина се забранети какви било преговори со Руската Федерација.

Во октомври минатата година, украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе одлука со која се забрануваат какви било разговори со Русија се додека Владимир Путин е претседател.

Поврзани новости