Ковачевски во официјална посета на Германија, на покана на Шолц

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски е во официјална посета на Берлин, Германија, на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц.

Од македонската Влада информираат дека во состав на делегацијата која ја предводи Ковачевски, се и вицепремиерот Бојан Маричиќ и шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

Информациите се дека официјалната посета започнува утре во седиштето на Владата на Германија и е предвиден официјален пречек со државни почести, средба меѓу премиерот Ковачевски и канцеларот Шолц, заедничка прес-конференција на премиерите, како и работна билатерална средба и вечера на двете официјалните делегации.

Фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи и соработка меѓу Северна Македонија и Германија, кои оваа година одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи.

Дополнително, теми на разговор ќе бидат и германската поддршка на македонскиот евро-интеграциски пат, реформскиот процес насочен кон исполнување на стандардите на ЕУ и други актуелни прашања од регионален и европски безбедносен аспект.

Поврзани новости