Коцевски: Општина Велес со години плаќала личен шофер на пратеникот Димовски

by Фокус 13:12
13:12

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, незаконски си земал вработен од општината да му биде личен возач, обелодени новиот градоначалник на Велес Аце Коцевски.

-Со години неговите работни задачи се воделе како возач на градоначалникот, а всушност тој цело време го возел Илија Димовски, за што имаме и докази. Со тоа, Димовски ја оштетил општината за голема сума на пари на име на плати на овој човек кој со години го возел пратеникот – изјави Коцевски.

- Advertisements -

Поврзани новости