Котевски: Вербалниот инцидент го започнале Миле и Спиро

by fokus

Директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, на денешната средба со новинарите истакна дека вчерашниот инцидент се случил откако Миле Јанакиески и Спиро Ристовски ја започнале вербалната расправија.

„Вербалните инциденти ги започнале Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Најавувам дека во понеделник ќе биде завршена цената истрага. Утринава имавме разговор со премиерот и оттаму дојде пораката дека треба да се дојде до оставката. Едното лице М.Ј. е во еден павиљон, а другото во друг павиљон. Нападнатите лица се наоѓаат во хашкиот дел. Направени се разговори со лицата кои се вклучени во настанот, повкан е поголем број на затворски чувари“, истакна Котевски.

Поврзани новости