Костовски ќе ја премести статуата на Мајка Тереза во Калкута

by Фокус

Статуата на Мајка Тереза која се наоѓа пред нејзината спомен-куќа во центарот на Скопје, а која ја поставија Трифун Костовски и академик Томе Серафимовски, ќе биде преместена во Калкута. Во изјава за Либертас, Костовски вели дека процедурата за преместување веќе е почната.

-Веднаш штом добиеме согласност, статуата ќе ја пратиме во Калкута, сметаме дека таму е местото на нашата славна и хумана скопјанка, а власта нека прави таков како што тие сметаат дека треба да има во нејзиниот роден град, вели Костовски.

После, како што го нарекува, таков грандиозен кич кој нема ништо заедничко со скромноста на нобеловката и хуманитарка, Костовски смета дека статуата која со години е пред спомен куќата подигната подоцна, треба да ја дислоцираат, и така да се оградат од обидите да се злоупотребува ликот и делото на големата, но скромна Мајка Тереза.

Поврзани новости