Косово: Од 30 лица претепан синот на политичарот Ненад Рашиќ

by Fokus

Синот на политичарот од редовите на српската заедница во Косово, Ненад Рашиќ, 18-годишниот Никола, е нападнат и претепан од група од околу 30 лица, на излегување од училиштето во Лапље Село во општина Грачаница, јави дописникот на МИА од Приштина.

Случајот денеска го потврди косовската полиција, наведувајќи дека Никола Рашиќ се здобил со телесни повреди и е пренесен во грачаничката болница.

Полицијата информира дека за случајот се приведени седум лица, на кои надлежен обвинител им одредил 48-часовен притвор.

Ненад Рашиќ е познат како еден од противниците на најголемата партија на косовските Срби, Српската листа (СЛ) и често е критикуван и напаѓан како „предавник на српските интереси“, како од челниците на таа партија, така и од највисоките претставници на официјален Белград, кој отворено и силно ја поддржува СЛ.

Поврзани новости