Фејзи Азири: Имам докази за организаторите, нарачателите и извршителите на „Монструм“, Јовески и Русковска имаат 10 дена да ме посетат во затвор

by fokus 11:44
11:44

Адвокатот Насер Рауфи денеска во судница жестоко реагираше на објавената пресуда за случајот „Монструм“, обвинувајќи го судот дека го послушал обвинителството и ги осудил обвинетите на казните кои за нив ги побара обвинителката Фатиме Фетаи.

По него збор побара обвинетиот Фејзи Азири кој шокираше во судница. Тој побара во рок од 10 дена републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески и шефицата на организиран, Вилма Русковска да го посетат во затворот, каде што ќе им дал докази за организаторите, нарачателите, извршителите и помагачите на петкратното убиство.

- Advertisements -

-Нека дојдат да им предложам докази за нарачателите и организаторите на убиството, за вистинските извршители и помагачи, истакна Азири.

Тој се закани дека доколку не го посетат, сѐ што поседува ќе објави во јавност.

-Доколку не ме повикаат во рок од десет дека ќе ги објавувам во јавноста, ќе доставам на странските амбасади за да се утврди точно кој е извршител, кој е нарачател, а кој е помагач, истакна Азири.ж

За „Монструм“ доживотен затвор добија Алил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ, за кои судијата рече дека се виновни за кривичното дело „тероризам“. Обвинетиот Хаки Азири се осудува на казна затвор од 9 години, а Фејзи Азири е осуден на казна затвор од 15 години.

Обвинители во случајот се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, а во судечкиот совет се судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани.

В.В.

Поврзани новости