482
Министерот за правда на Косово, Абелард Тахири, денеска изјави дека истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ ќе ја водат само институциите на Косово, а не и претставници од Србија.
Тахири порача дека сите информации кои можат да помогнат за расветлување на убиството, од Албанците или од Србите, се добредојдени, но не и вклучување во истрагата.
Тој рекол дека засега нема информации дали Еулекс добил официјално барање од владата или од други институции на Србија за учество во истрагата.