Користат фрагментирани проектили, ампутирани се 900 деца, вели доктор од Газа

by Fokus

Британско-израелскиот хирург Гасан Абу Сита на прес-конференција изјави дека за време на нападот на Газа биле користени фрагментарни проектили, кои предизвикале уникатни обрасци на повреди кај пациенти кои често резултирале со ампутации, пренесе Sky news.

До петтиот ден од нападот, половина од оние што ги оперираше беа деца. Тој проценува дека за време на конфликтот во Газа биле ампутирани меѓу 700 и 900 деца. Тој раскажа како израелската армија ја повикала болницата во бегалскиот камп Џабалија и му кажала на директорот дека медицинската установа треба да се евакуира во рок од два часа бидејќи ќе биде една од целите на нападите.

„Една од најстрашните сцени што ги видов беше во болницата Ал Шифа кога, по воздушен напад и носење мртви и ранети, медицинските работници трчаа низ итната помош и ги испитуваа ранетите и мртвите лица, за да видат дали меѓу нив има и членови на нивните семејства. Често ги гледаа нивните деца меѓу загинатите“, рече тој.

Поврзани новости