Исчезна девојче во Скопје, мајката се сомнева на киднапирање!

by Fokus

Вања Ѓорчевска од Скопје, 14-годишна ученичка во деветто одделение, е исчезната од утринава. Како што појаснува нејзината мајка Зорица за ,,Фокус”, таа тргнала кон училиштето кое било седум минути оддалечено од нивниот дом, утринава во 7.20 часот.
Во 7.34 телефонот и бил исклучен, а од Вања немало траг. Полседен пат била видена во Дебар Маало, на пат кон Песталоци.

-Никогаш не се случило вакво нешто, ќерка ми е примерна ученичка, одговорна личност. Се сомневам дека е киднапирана! Обично на училиште оди заедно со сестра и, денес сестра и остана дома и Вања тргна сама. Другарките не знаат ништо, класната наставничка е вознемирена, проверивме социјални мрежи, нема ништо! Затоа и се поголем ни е сомнежот дека е насила одведена – појаснува вознемирената мајка.

Вели дека случајот го пријавила во полиција.

Девојчето било облечено во црни пантолони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели Најк патики со кафеава лента.

Секој кој има било каква информација да се јави во полиција или пак кај мајката на телефонскиот број 075 400 816.

Вики Клинчарова

Поврзани новости