Конте пред обвинители вo петок поради ширењето на коронавирусот во Бергамо

by Fokus

Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека обвинители вo петок ќе го сослушаат за одговорот на коронавирусот во Бергамо, северна Италија, што е едно од областите најмногу погодени од коронавирусот во светот.

– Воопшто не сум загрижен. Ќе разговараме в петок и ќе им ги кажам сите факти што ги знам, рече Конте. Додаде дека тој самиот не бил под истрага.

Обвинителите истражуваат зошто Бергамо и околината не биле затворени порано при пандемијата и веќе го испрашувале претседателот на покраината Ломбардија каде што е Бергамо и министерот за здравство на Ломбардија.

Новиот коронавирус е потврден кај 235.763 лица во Италија, со 34.114 смртни случаи.

Поврзани новости