Конгресот на СДСМ ги усвои пратеничките листи, Богоевски се заблагодари на довербата

by Фокус

Со 597 гласови „за“, 24 „воздржани“ и само еден „против“, Конгерсот на СДСМ ги усвои пратеничките листи што ги предлози партискиот лидер Зоран Заев, на кои се најдоа партиски фунцкионери, но и непартиски лица од граѓанскиот сектор, академската заедница…

Како што е познато, носителот во првата изборна единица ќе биде Стево Пендаровски, во втората Оливер Спасовски, во третата Љупчо Николовски, во четвртата партискиот лидер Заев, во петтата Радмила Шеќеринска и во шестата Петре Шилегов.

Од непартиските имиња на кандидатските листи ќе се најдат граѓанските активисти Ивана Туфегџиќ, Ирена Стефковска и Павле Богоевски, кој преку неговиот фејсбук профил порача дека вистинската борба за граѓанска Македонија претстои по изборите на 11 декември.

„Потоа почнува макотрпната работа на реализирање на сето тоа за што со години протестиравме по улиците, за поставувањето на нашата држава на стабилни нозе и уверувањето дека никогш нема да ни се повтори Никола Груевски…“, напиша тој.

Поврзани новости