Туфегџиќ: Пред нас е најважната битка!

by Фокус

Кандидатурата за пратеник на листата на СДСМ е голем чекор за мене, но и огромна одговорност пред секој кој го познавам и кој ме поддржува или не ме поддржува, порача граѓанската активистка Ивана Туфегџиќ.

„Сето она кое сум го зборувала и бранела изминатите две години сега ќе имам шанса да го бранам, предлагам и зборувам во Собранието. Отварањето на партиите за граѓанските активисти го покажува значењето на граѓаните во оваа битка, но и е чекор кон модернизирање и менување на партиите. Оваа битка ќе биде најважна за секој од нас и ако не сакаме да ги наполниме аеродромите со луѓе кои имаат билети во еден правец сите ќе се надминеме себеси во корист на големата слика“, напиша таа на нејзиниот фејсбук профил.

Поврзани новости