Комеморација за Неда Арнериќ: Беше најдобра сценска мајка, лавица!

by fokus

Во југословенската кинотека се одржа комеморација за Неда Арнериќ која ненадејно почина пред една седмица.

Многу нејзини колеги, пријатели беа присутни на комеморацијата, секој со различни спомени за Арнериќ.

„Ја истурка оваа година со голем труд, учеше многу нови содржини и нов јазик. Чекаше да дојде 10-ти јануари кога твојот сакан Миле правеше голема забава за својот роденден и твоето срце веќе не издржа“, рече актерката Елизабета Ѓоревска.

Помладата колешка на Неда, Милица Зариќ за легендарната актерка имаше само пофални зборови.

„Најдобра сценска мајка. Беше голем професионалец. Беше мудра, лавица, кротка а силна. Те сакам Недо“, го заврши во солзи својот говор.

Извор – Новости.рс

Поврзани новости