Комбинираниот состав на Македонија загуби од Ерменија, останува во група Ц

by fokus

Комбинираниот состав на фудбалската репрезентација на Македонија вечерва загуби со 1:0 од репрезентацијата на Ерменија.

Со овој пораз Македонија останува во групата Ц во Лигата на нации. Доколку победеше или изиграше нерешено, нашата репрезентација ќе напредуваше и наредната сезона ќе играше во подобрата група Б.

Важно е да се напомене дека Македонија на овој натпревар настапи со комбиниран состав и без многу од стандардните првотимци. Недостасуваа Пандев, Барди, Алиоски, Елмас, Адеми, Ристевски, Спировски, Димитриевски и Николов.

Поврзани новости