Владата ќе го разреши Зоран Иванов поради Фејсбук статусот за Захариева и Бакојани

by fokus

Владата вечерва објави дека ќе поведе постапка за разрешување на Зоран Иванов функцијата претседател и член на Надзорен одбор на Медиумската информативна агенција (МИА).

-На иницијатива на премиерот Зоран Заев и на министерот за надворешни работи, Бујар Османи поведена е постапка за разрешување на Зоран Иванов од функцијата претседател и член на Надзорен одбор на Медиумската информативна агенција (МИА) поради недолична јавна комуникација и ширење говор на омраза кон владини претставници на соседот Република Бугарија, соопштија од Владата.

Иванов вчера објави статус на Фејсбук со содржина:

-Сите фригидни кучки свршуваат на Македонија, Бакојани 2008-ма, Захариева 2020-та.

По реакциите кои ги доби, тој објави уште еден статус со појаснување:

-За шокираните за да не се пенават толку еве ги метафорите: “Кучка” е карактер, “фригидна” е политика, “свршува” е чин, ок?

Поврзани новости