Која е симболиката на тетоважите на Линда, сопругата на Кирил Петков?

by fokus

Во Бугарија се обработуваат гласовите од вчерашните парламентарни избори, и се води тесна битка помеѓу ГЕРБ на Бојко Борисов и коалицијата на Кирил Петков, ПП – ДБ.

Поранешниот бугарски премиер Петков објави фотографија со сопругата Линда Мекензи Петкова, појаснувајќи дека тие гласале на изборите бидејќи сакаат нивните две ќерки да студираат во странство, и сакале нивната трета ќерка да се врати и да работи во Бугарија.

-Гласавме бидејќи сакаме секој Бугарин да има нормален европски живот – порача тој.

Сопругата на Петков, Линда, отсекогаш била доста интересна за бугарската јавност.
Таа е по потекло од Канада и парот има три ќерки –Ванеса, Ема и Ани.

Сопственичка е на продавницата ,,Амели свит шоп”, лоцирана во Софија, а во која се продаваат исклучително безглутенски колачи, соленки и торти, а препознатлива е по бројните тетоважи, како и по отворениот начин на комуникација, на многуте интервјуа во кои раскажува за детали од нивниот личен живот. Токму поради тој отворен пристап, таа е омилена помеѓу јавноста.

За нејзините бројни тетоважи, кои се забележуваат на фотографиите кои често ги објавува, во постаро интервју раскажа дека секоја од нив има посебна симболика.

-Трите гулаби се истетовирани во чест на моите три ќерки, а дивите рози се симбол на поврзаноста помеѓу Бугарија и Канада, бидејќи ги има во двете земји – појаснуваше Петкова.

Со Кирил се запознале кога имала 18 години во Канада, и им се случила голема љубов. Се венчале во 2020 година покрај океанот во Ванкувер, а по седум години се преселиле во Бугарија.

Раскажуваше дека почетокот во нова земја и бил тежок, но сега веќе Бугарија била нејзин дом и се прилагодила на новиот начин на живот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости