454
Џејмс Мекеј од одделот за политички и безбедносни прашања во НАТО ќе биде главен претставник на Алијансата во предпристапните преговори со Македонија, објави телевизијата Алсат М.
Инаку, претпристапните преговори со НАТО може да се сметаат како започнати од моментот на добивање на поканата за членство, а се очекува да завршат најдоцна до март 2019 година, до кога Македонија ќе треба да го финализира договорот со Грција.
Потоа, земјите-членки на НАТО би започнале со ратификацијата на протоколот за пристапување.